ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Машините GOBA CNC ги добивате со гаранција, а времетраењето на гаранцијата зависи од типот на машина.
По приемот на Вашата машина, потребно е да проверите дали пратката е комплетна и дали има очигледни дефекти или оштетувања поради несоодветен транспорт.
Гаранцијата опфаќа се што би ја спречило машината да работи правилно, а не се случило поради злоупотреба.
Контактирајте не доколку имате проблем со Вашата машина.
1. Ќе разговараме со вас за да го идентификуваме проблемот. Ако тоа е проблем што може лесно да се реши, ќе Ви дадеме насоки како сами да го решите.
2. Ако не можеме да го решиме проблемот од далечина, машината треба да се донесе во нашата работилница, за да се дијагностицира проблемот и истиот да се реши. Доколку машината е голем формат и нејзиниот транспорт е сложен, нашите инженери ќе дојдат кај Вас.
Секогаш искрено ќе се трудиме да го идентификуваме потеклото на дефектот и да комуницираме со Вас пред да продолжиме понатаму со било каква работа која би претставувала дополнителен трошок за Вас. Наша цел е оваа гаранција да ви гарантира долга употреба на Вашата машина.
Гаранцијата не опфаќа:
1. Механички оштетувања – огреботини.
2. Штети поради неправилно поставување, несоодветна инсталација, невнимателна и несоодветна употреба или одржување од страна на корисникот.
3. Модификација на производот.
РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ
Во резервни делови спаѓаат делови на машината кои може да се заменат доколку има потреба.